KIBSTrust СО НОВИ КОРЕНСКИ СЕРТИФИКАТИ

Согласно промените објавени од страна на регулаторите и новините во техничките стандарди поврзани со работењето на давателите на доверливи услуги, КИБС креира свој коренски сертификат со општо име (CN) KIBSTrust Root CA G2, како и нови издавачки сертификати со општи имиња: KIBSTrust Issuing Qsig CA G2 и KIBSTrust Issuing Qseal CA G2. Наскоро KIBSTrust, ќе почне со издавање кориснички сертификати само во хиерархијата на својот коренски сертификат KIBSTrust Root CA G2.