Превентивни мерки против ширење на COVID – 19

Почитувани корисници на услугите на КИБС АД Скопје,
Ве информираме дека, согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија поврзани со појавата на Ковид-19 (коронавирус), КИБС воведе бројни мерки за превенција и заштита на своите вработени и на своите клиенти.
Ве известуваме дека од 17.03.2020, КИБС ќе работи со скратено работно време за прием на странки: 09.00 до 15.00 часот. Останатите активности, ќе се одвиваат без застој или промена на интензитетот на работењето.
Сите наши клиенти кои имаат потреба да користат услуги на Давателот на доверливи услуги во делот на персоналните сертификати за електронски потпис, истото можат да го сторат директно во просториите на КИБС лоцирани на бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 1, во Скопје, (Комплекс банки). Согласно сите мерки кои ги преземаме за превенција и заштита од коронавирусот, Ве известуваме дека се додека траат мерките на Владата, барателите на сертификати со својата документација ќе чекаат на пријавницата на зградата на наведената адреса. Нашите вработени ќе ги преземат документите а по обработката ќе Ви бидат вратени на истото место од каде биле преземени. Ве молиме за разбирање и трпение.
Заради зачувување на здравјето на сите нас, Ве советуваме посетата во нашите простории да ја вршите само доколку истото е неопходно и доколку не трпи одлагање. За сите Ваши потреби може да ги контактирате вработените на контактите објавени на веб-страницата https://www.kibstrust.mk/.
Информациите постојано ќе се ажурираат и доколку има било какви промени во работењето навремено ќе бидете известени.
КИБС АД Скопје Ви стои на располагање за сите Ваши прашања и потреби.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
КИБС АД Скопје