КИБС АД Скопје - Давател на квалификувана услуга издавање квалификуван временски жиг

КИБС АД Скопје со решение на министерот на Министерството за информатичко општество и администрација на 01.09.2020 е регистриран како давател на квалификувана доверлива услуга во Регистарот на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација (http://trusteid.mioa.gov.mk/).
Врз основа на ова решение, Давателот на квалификувани доверливи услуги КИБС е ставен на Листа на даватели на квалификувани доверливи услуги а услугата издавање временски жиг е ставена на листата на квалификувани услуги.
На издавањето решение му претходеше интензивна ревизија од страна на ревизорска куќа прифатена од Европската унија за оцена на сообразност на давателите на доверливи услуги со регулативата на ЕУ 910/2014 позната како eIDAS. Позитивната оцена на ревизорската куќа EZU му дава можност на КИБС за пласирање на своите квалификувани доверливи услуги надвор од Македонија.