Процес на порачка
Начин на аплицирање за е-печат VerbaSeal
-
Изберете тип на сертификат Детален опис за е-печат
-
Пополнување на порачка, во полињата краток и полн назив на правното лице, организационен оддел се внесуваат податоци со латинични букви како во Тековна состојба.
За VerbaSeal HSM треба да се upload-ира csr фајлот кој е генериран на HSM уредот, а во порачката се внесува модел на HSM уред, кој е Common Criteria сертифициран.
-
Се избира „Генерирај порачка“ по што генерираните документи во .Pdf формат се печатат.
-
Се одбира начин за плаќање:
- OnLine плаќање со платежна картичка;
- Готовинско плаќање на ПОС Терминал во канцеларијата на Издавачот или
- Вирманско плаќање со налог во банка, про-фактура добивате по направената порачка
-
По генерирање на порачката, на меилот на правното лице се праќа е-порака во која се наведени документите кои треба да се поднесат во Регистрационата канцеларија на КИБС.
-
Рокот на поднесување на документи е 30 календарски дена од денот на е-поднесување на порачката за сертификат.
Начин на потврдување на идентитет:
Идентитетот на управителот на правното лице на кое се издава електронски печат се потврдува на еден од следниве начини:
-
Со приложување на нотарски заверена копија на ЗП образец;
-
Со лично присуство на управителот во Рeгистрационата канцеларија на КИБС, каде што:
- приложуваат документ за лична идентификација (лична карта или пасош)
- го потпишува образецот "Порачка и договор" пред службеникот РК, или
-
Доколку управителот не е во можност лично да дојде во КИБС, тој/таа лично мора да оди кај нотар и пред нотарот да го потпише документот ,,Пoрачка и договор” за кој нотарот прави нотарска заверка.
Потоа, целокупната документација може:
Начин на издавање на сертификат
VerbaSeal Adv
- Барањето се одобрува веднаш по доставувањето на целокупната документација во РК на КИБС од страна на овластен службеник.
- Техничкиот контакт во е-порака добива насоки за инсталација на сертификатот на дискот од компјутерот.
VerbaSeal PKI Token
- Постапката на издавање и преземање на сертификат за е-печат во токен, се врши во РК веднаш по доставувањето на целокупната документација и одобрување на сертификатот од страна на овластен службеник и се предава лично на управителот, техничкото лице или на ополномоштеното лице.
VerbaSeal HSM
- По доставувањето на целосната документација во КИБС, барањето се одобрување и техничкиот контакт ќе добие електронска порака со издадениот сертификат на електронската адреса на технички контакт.
- Сертификат треба да се инсталира на HSM уредот.