TLS/SSL и Code Signing сертификати

Бидете безбедни во дигиталниот свет, создадете доверба со заштитена веб локација!

TLS/SSL сертификатите се основата на безбедна работа на интернет преку користење на  шифрирани врски помеѓу прелистувач, веб-локацијата и серверот на веб-локацијата. Сертификатите со кои се потпишува софтверски код не само што ја гарантираат автентичноста на кодот туку гарантираат безбедност.

Што е TLS/SSL сертификат?

TLS/SSL сертификатите се основата за безбедноста на интернет.

TLS/SSL сертификатите (или серверски сертификати) нудат безбедност и се користат за воспоставување шифрирана врска помеѓу прелистувач или кориснички компјутер и сервер или веб-локација.

Се разликуваат во зависност од квантитетот на потврдени информации за идентитетот на сопственикот на веб-локацијата и како тие се прикажуваат во прелистувачите. Изберете го вашиот сертификат врз основа на тоа колку доверба сакате да им пренесете на посетителите.

Категории на
TLS/SSL сертификати

Сертификат со проверка на домен (Domain Validation - DV SSL)

Што е сертификат со проверка на домен (DV SSL)?

Издавачот го проверува правото на компанијата, како барател на сертификат, да користи одредено име на домен. Ниту една информација за идентитетот на компанијата не се проверува и не се прикажува во сертификатот освен информациите за шифрирање.

Посетителот на веб-локацијата заштитена со овој сертификат може да биде сигурен дека комуникацијата е шифрирана, но не може да бидете сигурен која компанија навистина ги прима информациите.

Предноста на DV SSL сертификатот е краткиот рок на издавање, без потреба компанијата да доставува документи. Затоа е идеален за интерна работа, за тестирања, за деловни активности во кои довербата кон автентикацијата на компанијата не е приоритет.

Сертификат со проверка на компанијата (Organization Validation - OV SSL)

Што е сертификат со проверка на компанијата (OV/SSL)?

Издавачот го проверува правото на компанијата, како барател на сертификат, да користи одредено име на домен. Дополнително, издавачот врши одредена проверка на компанијата.

Дополнителните проверени информации за компанијата се прикажуваат во рамите на издадениот сертификат, давајќи зголемена доверба за тоа кој стои зад веб-локацијата.

Сертификат со проширена проверка (Extended Validation - EV SSL)

Што е сертификат со проширена проверка на компанијата (EV/SSL)?

Издавачот го проверува правото на компанијата, како барател на сертификат, да користи одредено име на домен. Дополнително, издавачот врши проширена проверка на компанијата која го побарува сертификатот. Процесот на издавање на EV SSL сертификат е строго дефиниран па чекорите потребни за издавање сертификатот вклучуваат:

  • проверка на правното, физичкото и оперативното постоење на компанијата.
  • потврдување дека идентитетот на компанијата се совпаѓа со официјални записи.
  • потврдување дека компанијата има ексклузивно право да го користи доменот кој ќе биде наведен во EV SSL сертификатот.
  • управителот / правниот застапник на компанијата го потврдил  издавањето на EV SSL сертификатот.

За клиентите кои сакаат да докажат највисоки нивоа на автентичност на својата веб-локација, овие сертификати се идеално решение.

Каков TLS/SSL сертификат ви е потребен?

Колкав број на домени ви е потребен?

Колкав број на домени ви е потребен?

Колкав број на домени ви е потребен?

Каков Code signing сертификат ви е потребен?

Повеќе информации за производителите

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.