За компанијата

КИБС започна да дава услуги од дигитална доверба во 2003 година, а денеска тие услуги ги извршуваме преку брендот KIBSTrust. Ги создаваме нашите производи и услуги водени од заложбата за брза адаптација во динамичното време на експанзија на дигиталниот свет. Преку нашето работење, создаваме услови за функционирање на успешно и модерно дигитално општество.

Нашите решенија од областа на дигиталната доверба ги користат физички и правни лица, јавната администрација, а имплементирани се и во финансискиот сектор и услугите понудени од е-Влада.

На нив посветено работи искусен тим на специјалисти за делот на PKI и силната автентикација, а во целиот тој процес соработуваме со најдобрите европски и светски компании како наши партнери. На тој начин, постојано го пренесуваме светското искуство во нашето работење, успешно ги надоградуваме постојните продукти и поставуваме нови.

КИБС соработува со меѓународната мрежа на компании кои нудат слични услуги. KIBSTrust нуди услуги од дигитална доверба кои вклучуваат квалификувани сертификати за електронски потпис, електронски печат, временски жиг и електронска идентификација во согласност со домашната и европска регулатива.

Постојано работиме на прилагодување на нашето работење со тековната европска регулатива и ги следиме препораките на CA/B форумот. КИБС е сертифициран согласно стандардите ISO 9001, 20000-1, 22301, 27001, 27701 со што се потврдува квалитетот на нашите услуги и грижата за личните податоци на нашите корисници.

КИБС е сообразен со стандардите произлезени од eIDAS а согласно кои ги дава доверливите услуги.

Основа на дигиталната трансформација

Први им дозволивме на вашите клиенти и партнери да го искористат нивниот е-потпис и да бидат секогаш блиску до вас.

Воведовме механизам со кој датумот и времето означени на е-документот создаваат непобитен факт за датумот и времето на работа со него. Само е-документ поврзан со датум и време има правна тежина.

Факти

2021

Шема за електронска идентификација

Ја регистриравме првата шема за електронска идентификација во Македонија под бренд OneID, во соработка со компанијата Nextsense. 

2020

Усогласени со МКeIDAS и eIDAS

Се усогласивме со законот МКeIDAS и регулативата на ЕУ eIDAS и со тоа станавме квалификуван давател на доверливи услуги. 

2017

Пoртал за потпишување и работа со е-документи SignPlus

Создадовме услуга со која на сите заинтересирани страни им го олеснивме потпишувањето и работата со е-документи обезбедувајќи нивната правна тежина.

2013

Издавач на сертификати

Воспоставен Издавач на временски печати (Trusted Timestamping Authority - TSA). Сертификатот на Издавачот на временски печати е коренски потпишан од универзално признат CA, Keynectis (Fr).

2011

Издавач на сертификати

Го проширивме издавањето на сертификати преку локални регистрациони канцеларии лоцирани во банките.

2003

Првиот издаден сертификат за е-потпис

КИБС прв создаде инфракструктура за издавање сертификати за електонски потписи и со тоа подготви основа за почеток на дигитална трансформација.

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.