УСЛУГА

Sign plus

Напредна платформа за електронско потпишување и работа со електронски документи. SignPlus овозможува online потпишување на документи во PDF формат,  издавање и проверка на временски жиг – Momentum и безбедна препорачана достава на документи - MailTube.

fingerprint

Заштедете го вашето и времето на вашите клиенти!

Заменете ја досегашната хартиена документација со целосно без хартиена работа со документи во вашата канцеларија или од далечина.

Со SignPlus

Овозможете подобрување на оперативноста и ефикасноста на вашите работни процеси и забрзајте ја дигиталната трансформација на вашиот бизнис. Создадете алтернативни работни текови за сите доскорешни процеси на рачно одобрување.

Кој и кога може да ја користи услугата SignPlus?

Флексибилноста и мноштвото функционалности вклучени во SignPlus овозможуваат услугата да биде користена од сите компании независно од големината, типот или индустријата на која ѝ припаѓаат, како и за сопствени потреби на физички лица.

Платформата SignPlus овозможува

Потпишување на документи на далечина – услуга SignPlus

Моќниот систем на управување со документи е наменет за брзо и ефикасно потпишување на документи во PDF формат во рамките на компанијата, помеѓу компанијата и нејзините клиенти, како и потпишување за сопствени потреби на физички лица.

Потпишување со користење на напреден или квалификуван сертификат издаден на локално средство или во облак.

Неограничен број на потписници.

Правно обврзувачки документи кои потписниците никогаш не можат да одречат дека ги потпишале.

Користење и проверка на временски жиг – услуга Momentum

Услугата се заснова на издавање на долгорочни сертификати за временски жиг и негова проверка.

Со ставањето на временски жиг врз документ се гарантира постоење на документот во датумот и времето на генерирањето на временскиот жиг. Со ова се обезбедува гаранција за непроменливоста на документот и единствен начин да се поткрепи правниот принцип: „прв во време, прв во право“.

Со временскиот жиг се продолжува важноста на дигиталните потписи ставени на документот, обезбедувајќи нивна долгорочна правна валидност на потпишаниот документ.

Електронска препорачана достава на документи – услуга MailTube

Безбедна и сигурна достава на документи од секаков формат (PDF, mp3, docx, dwg...) со големина која практично е неограничена.

Бидете сигурни дека примателот на документот ја добил информацијата дека постои пратка за него и дека истиот ја презел.

Ревизорска трага за секоја активност на примателот на пратката кој не може да одрече дека е известен за постоењето на пратка за него, не бил потсетуван да ја преземе пратката и дали воопшто ја презел пратката.

Поврзување со други платформи и локални системи

Платформа за обезбедување на функционирање на шемата за електронска идентификација – OneID. Потврдениот електронски идентитет е основа за правно валидна идентификација на вашите клиенти која ги исполнува барањата за високо ниво на доверливост и сигурност.

Единствено SignPlus може да ја поврзе вашата локална архива за електронско водење на вашите предмети (е-архива). На располагање ви стои соодветно документиран програмски интерфејс (API).

Предности при користење

БЕЗБЕДЕН

SignPlus ги исполнува сите технички барања на MK-eIDAS и eIDAS за напредни и квалификувани е-потписи и е-печати. Меѓутоа, за да се работи како давател на доверливи услуги, потребно е повеќе од усогласеност со соодветна регулатива и технологија. Потребни се физички, процедурални и безбедносни мерки за персоналот, како и безбеден процес на потврдување на идентитетот на потписниците при потпишувањето на далечина.

Уверување за ова дава редовната годишна ревизија на нашето работење од акредитиран ревизор во ЕУ.

Давањето на услуга преку порталот SignPlus се спроведува од објекти со највисоко ниво на физичка, процедурална и персонална безбедност согласно барањата на MK-eIDAS и eIDAS за даватели на доверливи услуги поврзани но и не ограничувајќи се со стандардите:

EN 319 401 – Општи барања за политики за даватели на доверливи услуги,
EN 319 411 – Политика и безбедносни барања за даватели на доверливи услуги кои издаваат квалификувани сертификати,
EN 319 421 – Политика и безбедносни барања за даватели на доверливи услуги кои издаваат временски печати.

ДОСТАПЕН

SignPlus е достапен секогаш и веднаш.

Не создава трошок за набавка и одржување на опрема, трошок за набавка на посебен софтвер и секако трошок за негово одржување.

Едноставно пристапете на logo na SignPlus so link https://www.signplus.mk, креирајте своја корисничка сметка и ... и почувствувајте ги понудените можности на SignPlus по принцип „плати онолку колку што планираш да користиш“.

ГЛОБАЛЕН

Вашата физичка локација не е пречка за користење на SignPlus. Достапен во облик на софтвер како услуга (SaaS), за користењето на SignPlus доволно е да имате компјутер или паметен мобилен уред со соодветен оперативен систем и интернет прелистувач. Моделот SaaS значи дека КИБС АД управува со целото одржување, безбедност и ревизии.

ОТВОРЕН И СКАЛАБИЛЕН

Бидејќи секој бизнис е различен, различни се и потребите од дигитална трансформација. Затоа SignPlus е флексибилен.

На располагање ви е RESTful API програмски интерфејс кој овозможува лесна интеграција на SignPlus во сите ваши апликативни решенија и процеси.

Деловен модел

Бонус

  • креирајте корисничка сметка,
  • користете ги погодностите на SignPlus со 600 бонус кредити во тек на 30 дена.

Основен

Платете онолку колку што планирате да потрошите:

  • креирајте корисничка сметка,
  • купете пакет на кредити,
  • користете кредити за сето она што го нуди SignPlus во рок дефиниран во пакетот.

Напреден

За ваши потреби, кога бројот на кредити е поголем од предвидените пакети во основниот деловен модел:

  • креирајте корисничка сметка
  • пријавете ги вашите потреби на helpdesk@kibstrust.com за да се договориме.

Комерцијални услови

Купувањето на  пакет е овозможено по регистрација на  https://signplus.mk

SP 1

КОЛИЧИНА НА КРЕДИТИ10.000
ЦЕНА 6.800 ден

SP 2

КОЛИЧИНА НА КРЕДИТИ20.000
ЦЕНА 13.140 ден

SP 3

КОЛИЧИНА НА КРЕДИТИ 50.000
ЦЕНА 31.720ден

SP *

КОЛИЧИНА НА КРЕДИТИ > 50.000
ЦЕНА по договор

потпис* - 60 кредити

временски жиг – 6 кредити

е-достава – 10 кредити

еден потпис вклучува*
потпис, временски жиг, е-достава, 2FA - SMS

Цените се во денари со вклучен ДДВ. Пакетот е валиден една година од денот на плаќање.

© 2024 КИБС АД Скопје. Сите права се задржани.