За компанијата
КИБС започна да дава услуги од дигитална доверба во 2003 година, а денеска тие услуги ги извршуваме преку брендот KIBSTrust. Ги создаваме нашите производи и услуги водени од заложбата за брза адаптација во динамичното време на експанзија на дигиталниот свет. Преку нашето работење, создаваме услови за функционирање на успешно и модерно дигитално општество.
Нашите решенија од областа на дигиталната доверба ги користат физички и правни лица, јавната администрација, а имплементирани се и во финансискиот сектор и услугите понудени од е-Влада.
На нив посветено работи искусен тим на специјалисти за делот на PKI и силната автентикација, а во целиот тој процес соработуваме со најдобрите европски и светски компании како наши партнери. На тој начин, постојано го пренесуваме светското искуство во нашето работење, успешно ги надоградуваме постојните продукти и поставуваме нови.
КИБС соработува со меѓународната мрежа на компании кои нудат слични услуги. KIBSTrust нуди услуги од дигитална доверба кои вклучуваат квалификувани сертификати за електронски потпис, електронски печат, временски жиг и електронска идентификација во согласност со домашната и европска регулатива.
Постојано работиме на прилагодување на нашето работење со тековната европска регулатива и ги следиме препораките на CA/B форумот. КИБС е сертифициран согласно стандардите ISO 9001, 20000-1, 22301, 27001, 27701 со што се потврдува квалитетот на нашите услуги и грижата за личните податоци на нашите корисници.